Пет конзорциуми од вкупно осумте кои до Министерството за транспорт и врски поднесоа барање за добивање под концесија на патни правци во земјава, продолжуваат со трката. Владата, а по препорака на комисијата која ги разгледа барањата на конзорциумите, одлучи во втората фаза да влезат конзорциумот предводен од израелската компанија Shikun & Binui LTD заедно со Grupo Soares De Costa SGPS и SA од Португалија. Во трката влегува и конзорциумот предводен од француската компанија Bouyques Travoux Publics, која настапува заедно со уште една компанија од Франција DTP Terrassement и унгарската Inter-Toll Europe. Скопски "Granit" настапува во конзорцуим со австриски Strabag AG. Во игра останува и конзорциумот на две грчки компании Aktor SA и Aktor Concessions. Петтиот конзорциум кој оди во натамошната фаза е ALS Motorway Concession Macedonia, составен од Alpine Bau GmbH од Австрија, Limak Insaat Sanayi ve Ticaret AS од Турција и Soma Enerprise Limited од Индија.
Пет конзорциуми од вкупно осумте кои до Министерството за транспорт и врски поднесоа барање за добивање под концесија на патни правци во земјава, продолжуваат со трката.
Владата, а по препорака на комисијата која ги разгледа барањата на конзорциумите, одлучи во втората фаза да влезат конзорциумот предводен од израелската компанија Shikun & Binui LTD заедно со Grupo Soares De Costa SGPS и SA од Португалија. Во трката влегува и конзорциумот предводен од француската компанија Bouyques Travoux Publics, која настапува заедно со уште една компанија од Франција DTP Terrassement и унгарската Inter-Toll Europe.
Скопски "Granit" настапува во конзорцуим со австриски Strabag AG. Во игра останува и конзорциумот на две грчки компании Aktor SA и Aktor Concessions. Петтиот конзорциум кој оди во натамошната фаза е ALS Motorway Concession Macedonia, составен од Alpine Bau GmbH од Австрија, Limak Insaat Sanayi ve Ticaret AS од Турција и Soma Enerprise Limited од Индија.
Споре вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, избраните конзорцими до крајот на месецов ќе бидат поканети да ја подигнат тендерската документација и во првиот квартал од 2011 година да ги достават финансиските понуди за двата пакета на патни правци што се предмет на концесија, по што Владата ќе го направи конечниот избор.
- Очекувам постапката да вроди со успех и со тоа да биде решено едно клучно прашање за економски развој на државата - поврзување на Македонија со патната трансверзала Исток-Запад - рече Пешевски.
Како што е познато, државата објави повик за издавање под концесија на дел од своите патишта поделени во два пакета. Првиот пакет, или Источната концесија во должина од 177,5 километри и со вредност од 434 милиони евра, ги опфаќа патните правци Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип, Миладиновци - Штип, обиколницата на Скопје и постоечката делница Миладиновци - Скопје. Во вториот пакет, односно, Западна концесија, со вкупна должина од 196 километри, се правците Стенковец - Блаце, Гостивар - Ќафасан, Требеништа - Охрид и Подмоље - Струга. Вредноста на овој пакет е проценета на 558 милиони евра.
Концесијата се доделува во времетраење од 35 години, а концесионерот ќе треба за 7 години да ги изгради патните правци. Според министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, државата останува сопственик на патиштата и во текот на траењето на концесијата, а концесионерот изградбата и реконструкцијата на објектите ќе ги врши во име и за сметка на државата.
Експертската анализа на проектот што го правеше француската консултантска куќа Луј Берже" покажала дека Владата ќе треба да им плати околу 200 милиони евра субвенции во првите години на идните концесионери, бидејќи патиштата што ќе се градат и модернизираат, немаат доволен сообраќај за да им биде исплатливо од наплатата на патарини. Според пресметките, идните концесионери за 35 години ќе остварат нето-заработка од 2,3 милијарди евра. Пешевски вели дека зависно од понудите што ќе ги добијат ќе се одлучи дали ќе се оди со директно субвенционирање на концесионерот или ќе се одбере некој друг модел што ќе му го намали комерцијалниот ризик.
- Висината на патарините ќе ги утврдува Владата врз основа на методологија, а не концесионерот. Но, при тоа ќе водиме сметка висината на патарините да биде оптимална, односно да ги заштитиме граѓаните, а од друга страна и концесионерот да остварува профит инаку нема да се одлучи да инвестира - нагласи Пешевски.
На прашањето дали не беше подобро да се задолжи државата и сама да ги изгради патиштата, Пешевски рече дека може за се да се задолжи државата, но додаде дека се одлучиле да ги градат по принципот на јавно приватно партнерство за да не дојде до презадолженост.